Петар Печков
Објавено: вторник, 10 мај 2022
Понеделникот доцна попладнето во село Отиштино дете возејќи велосипед паднало и се здобило со тешки телесни повреди, поради кои е здржано на лекување во велешка Болница.
„На 9-ти мај околу 19.30 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Отиштино, општина Чашка, малолетник, управувајќи велосипед, паднал на коловозот. Притоа, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди“- соопштија од МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.
„Детето има повреди на глава, скршeна носна коска и има продолжено лекување во Болница“- кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |