Петар Печков
Објавено: вторник, 14 април 2026
Од билтенот на СВР Велес
„На 12.04.2026 во 18:50 часот во село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка лишиле од слобода 15-годишник од Мелница. При сообраќајна контрола, било сопрено патничко возило „сеат“ без регистарски ознаки, управувано од малолетникот“ .
„На 13.04.2026 во 10:30 часот, во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ.Ш.(33 год) и Ѓ.З.(41 год), двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на 12.04.2026 влегле во домот на В.Н.(59 год) од Велес, физички го нападнале и му одзеле предмет. Тие биле приведени во полициска станица, а одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот“.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
| Tweet |




