Петар Печков
Објавено: вторник, 13 февруари 2024
ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.
„На 23 јануари во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари“ - соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол нa СВР Велес.
Tweet |