речник контакт

Малолетник послужен со алкохол а во објектот имало и девојче во алкохолизирана состојба

Мајка пријавила дека синот бил послужуван со алкохол

Петар Печков

По полноќ во угоститетлски објект во Велес пријавено дека малолетник е послужен со алкохол, таму пронајдено и пијано девојче. Повеќе од информацијата на СВР Велес.

„На 12 октомври  во СВР Велес, 35-годишна велешанка пријави дека во угостителски објект во Велес, нејзиниот малолетен син бил послужен со алкохол. Полициски службеници извршиле контрола во објектот, каде била затекната и една малолетничка под дејство на алкохол“ – соошти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка  на СВР Велес.  

По целосно расчистување и документирање на настаните, од полицијата најавуваат дека ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »