речник контакт

Малолетничката која беше сексуално користена, била жртва и на велешанец

18 годишно момче од Велес осомничено за полов напад врз дете. Девојчето лани на 13 ноември била примена на Детско одделение во бесознаниe

Петар Печков

Велешката полиција поднесе кривична пријава против сограѓанин, кој извршил полов напад на дете. Настанот е  поврзан со малолетничката, која е штитник  на ЈУ за згрижување на деца со воспитно-социјални проблеми, ,,25 мај,, од Скопје. 

СВР Велес, до надлежното ОЈО Велес, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело - “полов напад врз дете“ поднесе кривична пријава против лицето Е.Х. (18) од Велес - пишува во информацијата на МВР.  

Тие потсетуваат дека   на 13-ти ноември лани,  околу 22.30 ч. од страна на ЈЗУ Општа Болница - детско одделение Велес во СВР Велес е пријавено дека кај нив е донесена малолетничката во безсознание. На 14.11.2017 г., по барање на МВР, ОЈО издало писмена наредба за вршење преглед на детето во Судска медицина – Скопје. 

Врз основа на наодот од извршениот преглед,  документирана е кривична пријава против Е.Х. до ОЈО Велес за полов напад врз дете, а истрагата е проширена и на други лица.

Девојчето било одземено од родителите, кога имала пет години, заради питачење. Тие затоа биле во затвор.

Деновиве случајот ескалираше, кога девојчето стана жртва на трговија со деца и сексуално злоставувална и силувана. По ова таа забремелина по што абортирала.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »