Петар Печков
Објавено: четврток, 17 август 2023
СВР Велес информираше за пријава од дете , дека врз неа е извршена обљуба од нејзин роднина.
„На 14.08.2023 околу 15.45 часот во ОВР Кавадарци, малолетничка од Кавадарци пријавила дека нејзин роднина А.М.(25 год) од Велес, кој бил пуштен на викенд од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал затворска казна, извршил обљуба врз неа. А.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово“ - соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
По целосно документирање на случајот против лицето, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Tweet |