речник контакт

Манастирската црква Св. Димитрија е од 13- 14 век

Откриени фрески со кои се потврдува дека неговата градба е од пред 7-8 века

Петар Печков

Откриен е нов фреско живопис во манастирската црква Св. Димитрија крај Велес, со кој се докажува дека таа е изградена во 14 век.   Од досега познатите документи беше познато дека таа е изградена во 19 век, иако според архитектурата стручните лица,  објаснуваа  дека е многу порано.

Во нартексот, предворието  на црквата  се  откриени повеќе фрески стари 7 века. Меѓу нив и на Св. Димитрија, што може да потврди дека уште од самата градба, црквата го имала истото име. Откриен е и ктиторот, кој во рака ја држи минијатурата на црквата. За жал досега не е пронајдено  неговото име на.   Овие нови живописи се откриени пролетва, откако започнаа конзерваторите работи во црквата.   

Знаевме дека оваа црквата е една од најстарите во околината на Велешко, според архитектурата. Но немавме потврда.  Започнавме со раслојување на живописот, по што беше констатирано дека под слојот на малтер во припратата се наоѓа живопис од крајот на 13-ти и почеток на 14 век. Се  работи на раслојување на живописот, во две техники, сатрапо и класичен начин.

 Раслоениот дел, кој е од 19 век, дел  е на авторот Хаџи Косте,  ќе биде презентиран  а каде, ќе одлучиме подоцна. Тоа што самата архитектура на црквата го кажуваше дека е од ран 14 век, сега ни го докажа и фреско- живописот   - изјави Елица Николова директорка на Народниот Музеј од Велес.

 Во оваа фаза треба да се исчистат фреските од наслагите на чад, кои се создале од вековното користење на свеќите во внатрешноста на црквата. Поголем дел од фреските се дури и непрепознатливи од чадот, од темната скрама која е создадена врз нив.  

Се планира  да се обнови и фасадниот дел, кој  е богато ,,креоно-пласичко,, изработен и потребно е  да се раслои варта од него и да  се добие автентичниот изглед. Така црквата би го добила првобитниот изглед, кој Николова вели дека е ,,ремек дело,, на средниот век на  тогашните мајстори,,.  

 Финансиер на конзерваториските работи е  Министерството за култура а се работи по проект на Народниот музеј. Работите ги извршуваат стручњаци од Националниот конзерваториски центар. Тие работат и на заштита на постојните  фреските кои се од 19 век. Следна втора фаза е реставрација и конзервација на ново откриениот живопис и таа ќе трае во зависност од одобрените средства за натамошната работа.

Според народното раскажување, црквата била изградена во 14 век, но пред доаѓањето на Османлиите и  освојувањето на Балканот, локалното население ја затрупало, з да не биде уништена. Во средината на 19 век, на сон на локалниот воденичар Петре Здравев му се јавувало дека тука има црква. По долги убедувања со локалните власти, Турците, тие дале дозвола и црквата  била откопана  околу 1850-та година. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »