Петар Печков
Објавено: петок, 28 април 2006
Илјадници велешани го посетија манастирот „Св.Димитрија“ за неговиот празник Источен петок Балаклија. Тие запалија свеќи за здравје и бериќет. Овој ден е голем за манастирот кога река луѓе безмалку два дена се слева кон црквата која пет века беше затрупана пред наездата на османлиите. Денес многумина доаѓаат тука со верба и надеж за подобра година. За добро расположение на гостите се погрижи фолк ѕвездата Сузана Спасовска, која ја подгреа атмосферата.
Tweet |