Петар Печков
Објавено: четврток, 21 ноември 2013
Се одигра и куп натпревар од женскиот фудбал. Екипата на Борец на домашен терен со 4:2, ја победи струшката АС Јунајтед со 4:2. Со ова велешанки влегоа во полуфиналето, кое се игра напролет.
Во 13-тото коло од Третата лига југ две победи и еден пораз за велешките екипи. Бабуна на домашен терен славеше со против екипата на Млекар со 1:0 , Превалец победи против Сирково со 1:0 а Илинден загуби на гостувањето во Гевгелија од Кожуф со 3:1. Така по 13 кола Бабуна се искачи на 4-тото место со 22 бода, Превалец е 8-ми со 17 а Илинден е 11-ти со 15 бода.
Во општинската лига со одигрувањето на 9-тото коло заврши првиот, есенски дел. Прв на полу етапата мина екипата на Мартолци пред Младост и Гемиџии. За одбележување е мирната есен, која не донесе прекини и тензични натпревари во општинската лига.
последно есенско коло
Форца Нова – Илинден 2:0
Бирлик – Гемиџии 0:6
Интернационал – Мартолци 0:2
Башкими – Горски 4:2
Богомила – Младост 0:3
Т А Б Е Л А
1. Мартолци 9 7 1 1 28:10 22
2.Младост 9 6 3 0 17: 6 21
3. Гемиџии 9 6 1 2 28:10 19
4. Форца Нова 9 5 1 3 15:13 16
5. Башкими 9 4 2 3 15: 9 14
6. Интернационал 9 3 1 5 15: 16 10
7 Богомила 9 3 0 6 15:26 9
8. Илинден БС 9 2 2 5 13 :17 8
9. Горски 9 1 2 6 13: 32 5
10. Бирлик 9 1 1 7 7 :27 4
Првенството продолжува напролет
Tweet |