речник контакт

Маслодајната репка ќе ја чисти велешката почва

Голем интерес за враќање на оваа култура во реонот на Речани

Петар Печков

Велешкото еколошко друштво ,,Вила Зора,,  ќе ја враќа маслодајна репка на земјоделските површини во околината на градот. Таа на локалните земјоделци преку предавања и едукација им ја ширеше потребата оваа култура да се одгледува во велешко, бидејќи од неа ќе имаат двојна корист, економска и еколошка.

Стручњаците посочуваат дека маслодајната репка има голема моќ за апсорпција на тешките метали, со кои прекумерно е богата велешката почва. Од репката потоа ќе може да се преработува и добива био –гориво.

Задоволни сме од  интересот и одѕивот на земјоделците. Се јавија повеќе отколку што ние можеме да помогнеме. Тие сакаат да ја исчистат почвата од оловото и кадмиумот. Овој процес ќе биде долг но за три години ги очекувам првите резултати, кога на некои земјоделци ќе им доделиме сертификат  дека почвата е еколошки чиста  и деконтаминирана од тешки метал - вели д-р Ненад Коциќ претседател на ЕД Вила Зора.

Поради ограничениот Буџет со кој ЕД Вила Зора располага, можат да одговорат на барањата за одгледување маслодајна репка на неколкумина земјоделци. Екологистите ќе даваат семе, ќе ја откупуваат репката, за потоа да биде преработена во био -гориво во велешка Маслодајна.

За ова тие преку норвешка амбасада обезбедиле средства со кој е купена и инсталирана опремата во  АД Благој Ѓорев, кој им ги ставил на располагање  бесплатно нивните простории, работен и технички капацитет. Од продажбата на био-горивото ЕД Вила Зора ќе го финансира  одгледувањето на маслодајната репка наредниот период.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »