речник контакт

Маслодајна набави нова машина за лупење на сончогледово семе и опрема за прочистување на пареата од парниот котел (видео)

Проектот за поеколошко производство е кофинансиран од Кристал 1923 и со средства од ЕБОР, поддржан од ЕУ фондовите

Петар Печков

Велешка Маслодајна набави нова машина за лупење на сончогледово семе  и опрема за прочистување и согорување на парниот котел при производство на пареа.

Со ова најстарата велешка компанија, која годинава одбележува еден век постоење,  се вклучува во намалувањето на трошоците за електрична енергија и  инвестираат во енергетска ефикасност. 

Инвестицијата е кофинансирана од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и поддржана преку ЕУ програмата за конкурентност.

Со неа  се обезбедуваат кредити и ЕУ финансирани грантови за мали и средни претпријатија (МСП), за инвестиции кои може да им помогнат да станат поконкурентни на локалните и на странските пазари. Инвестициите во мерки за заштеда на енергијата, се помеѓу приоритетните инвестици.

„Нашата нова опрема ни овозможи поголема конкурентност и е добра за човековата околина. Планираме да ја задржиме водечката позиција на пазарот и во иднина, како и довербата на потрошувачите, која се пренесува од генерација на генерација. Продолжуваме да се развиваме и да инвестираме во производство на здрава и квалитетна храна“ - изјави  Олгица Стојанова, директор на производство во Кристал 1923. 

Компанијата зема кредит од ЕУР 250.000 преку Шпаркасе Банка Македонија, една од локалните партнерски банки на ЕБОР. Ваквото финансирање е дел од заедничкиот проект со Европската Унија, чии грант фондови ги поддржуваат и им помагаат на компаниите за да изберат најповолната опрема и технологии.

„Со набавката на  новата машина за лупење, опремата за прочистување и согорувачот,  доведоа до ефикасно, одржливо и еколошко производство. Намалувањето на емисиите, отстранувањето на фините нечистотии од семките, преку воздушна вентилација и подобреното лупење, резултираа во добивање на повеќе протеини кои се користат за прехрана на животните, што е само еден од повеќето бенефити од оваа инвестиција“ - додава Стојанова.

Компанијата ја намали потрошувачката на енергија за 13 отсто, заедно со намалувањето на вкупните трошоци. Неодамна Маслодајна постави фотоволтаична централа, инвестиција вредна 250 илјади евра Објектот нема негативно влијание врз населението ,има намалување на емисијата на јаглерод диоксид.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »