речник контакт

Матичните доктoри на протест, откако биле казнети за прекумерно пишување на рецепти за хронични болести и за антибиотици

Треба ли сега доаѓа пациент, докторот ја надминал квотата и да му каже, оди купи си го на приватно. Такво нешто нема да се случи – кажа д-р Лили Чолакова Дервишова

Петар Печков

Матичните доктори протестираа пред подрачните единици на Фондот за здравство (ФЗО) во повеќе македонски градови. Нивниот револот е поради изречените  казни за надминување на дозволената квота на  препишани лекови.  Изминатиот викенд добиле електронска пошта од ФЗО со која се информирани дека капитацијата им е намалена од 20 до 30 илјади денари.  

„Голем број колеги, матични догктори електронски беа информирани дека ја пречекориле  терапија за хронични болести , некои  во првото тромесечие и висината на антибиотици и анксиолитици.  Револтот кај матичните  доктори е огромен. Од септември, кога се пофаливме дека дел од лекарствата беа симнати да ги препишуваме ние а не специјлистите,  а пациентите да не се шетаат на релација матичен-специјалист-матичен, не се случи зголемување на Буџетот за препишување на лекови. Во пракса се случи да имаме можност да препишуваме повеќе лекови а нивниот обем месечно и натаму остана ист. Така секундарното здравство се растовари со непотебно препишување лекови а нашата обврска со повеќе лекови, остана иста. Треба ли сега доаѓа пациент, докторот ја надминал квотата и да му каже, оди купи си го на приватно. Такво нешто нема да се случи“ – кажа д-р Лили Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни доктори во Македонија.

Од ФЗО одговорија дека го испитуваат овој случај но дека се било според Правилник.

„Реакцијата на матичните лекари е поради целта за рационално препишување на лекови која што е на сила повеќе од 10 години и поради која им се намалува дел од капитација доколку некој од матичните лекари ја надмине таа цел.   Целта за рационално препишување на лекови е уредена со Правилник каде што се дефинира обемот на лекови кои што може секој од матичните лекари да го препише сразмерно на бројот на пациенти кои што ги има прикрепено и во него е дефиниран процентот на препишани рецепти за антибиотици, анксиолитици и за останати лекови. Во моментов ФЗОРСМ прави пресметки и анализа за да види зошто е дојдено до оваа состојба и дали причините се објективни или субјективни и согласно добиените пресметки ќе постапи соодветно како никој не би бил оштетен“ – пишува во реакцијата на ФЗО. На ова матичните одговрија дека најитно е потребно тој Правилник да се смени.

„Со ваквата казнена политика треба пациентите да ги одбиваме да не им препишуваме лекови кои им се потребни. Дали на дијабетичар да му скратиме лек, или срцево болен. Не може ништо да не се менува.  Под итно, уште утре УО на ФЗО да донесе  одлука за зголемување на буџетот.  Или пак софтврески да се направи контрола за да нема злоупотреба. Во приватно здравство постојано казни а од друга страна во јавно здравство  затворени хируршки сали, казни нема за никого“ – додаде д-р Чолакова Дервишова.

Таа напомена дека ако треба, ќе протестираат како колегите од Словенија седум дена, се додека не се исполнат нивните барање. Кажа дека овој протест е и за наредниот министер за здравство и директори на ФЗО, да ги надминат проблемите со кои се судруваат приватните доктори.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »