Петар Печков
Објавено: сабота, 26 мај 2012
IV -7 е паралелка гимназијалци, кои јзаврши посетувајќи настава на мајчин албански ајзик. Поради тоа тие ќе бидат запишани прва генерација која во најстарото средно училиште во Македонија учеше на албански јазик.
И тие како и остнататите матуранти имаат свои соништа и желби, кои ТРМР им посакува да им се остварат.
Иако оваа паралелка од самиот почеток наидуваше на пречки во работата, со немање на наставен кадар, материјал, отпор во средината , тие успеаја да го завршат средното училиште. Од 34 запишни, завршија 27. Нека им е честита матурата.
Tweet |