Петар Печков
Објавено: понеделник, 07 април 2014
Претпладнево актерката Маја Љутков роди женско бебе. Така таа и нејзиниот сопруг Зоран Љутков станаа родители. Нивната прва рожба, ќерката го доби името Галена.
Зоран и Маја се во брак речиси седум години, се венчаа во јуни 2007. Маја е вработена во велешкиот театар, додека Зоран работи во Драмскиот театар во Скопје, и е уметничкиот директор на Фестивалот за античка драма „Стоби“ во Велес.
Tweet |