Петар Печков
Објавено: петок, 28 октомври 2011
Велешанка со нож го пробола малолетниот син, во саботата во Велес, а по крвавиот напад, мајката наместо да го однесе синот во болница, го лечела со ракија и со аналгин.
На повреденото момче му било страв да пријави во полиција. Случајот во полиција го пријавиле лекарите од штипската болница кога завчера кај нив бил доднесен Т.М.(16) откако почнал да крвави додека играл со другарите.
Полицијата ја привела Д.М.(47) и по целсоното расчистување на случајот против неа ќе поднесе кривична пријава. Истрагата утврдила дека Т.М., ученик во прва година во средно училиште за деца со посебни потреби „Искра” во Штип, во саботата си отишол дома за викенд. Меѓу него и неговата мајка настанала расправија во која мајката зела кујниски нож, замавнала кон синот и го пробола во стомакот.
Откако видела што направила, ја испрала раната со ракија и за цело време на раната му ставала лек аналгин, но не го однела синот на лекар а нему пак му било страв да пријави во полиција.
Средношколецот се вратил во училиштето во Штип и во четвртокот додека играл со другарите почнал да крвари по што веднаш бил однесен во болницата.
Tweet |