речник контакт

Мега спектаклот „Игри на гладните, изгрејсоцне над жетвата“ со светскта премиера и во Киноверзум Велес

На репертаорот се најглeдантие филмови во светот измитиот викенд, Ебенизер“ со Џони Деп, биографскиот „Јас сум Роки“, акциониот „Како да се ограби банка“ и анимираниот Мачорот со шапка“ Пет филма се на репертоарот на Киноверзум Велес, еден од нив е премиера

Петар Печков

Мега спектаклот „Игри на глданите, изгрејсоцне над жетвата“.  Настаните се случуваат утрото на извлекувањето за 50. Игри на гладните, во време кога се раѓа легендата што засекогаш ќе го смени текот на историјата на Панем. Филмот ни претставува нов поглед на бруталниот систем на Игрите и на политичката сила што управува со него.  
 
Божикна авантура, „Ебенизер“ со Џони Деп, најгледаниот филм во светот изминатиот викенд во Киноверзум Велес.   Возбудлива приказна за духови сместена во Лондон од времето на Дикенс, која го следи натприродното патување на еден човек – соочување со минатото, сегашноста и иднината додека се бори за втора шанса за искупување. 

„Јас сум Роки“ биографски филм.  Вистинска приказна за еден непознат актер кој верувал дека неговата судбина не е само да го напише сценариото за „Роки“, туку и да го толкува ликот на Роки Балбоа. Соочен со постојани одбивања и речиси невозможни изгледи за успех, Силвестер Сталоне ризикува сè, одбивајќи да се откаже од главната улога. 

„Како да се ограби банка“ втора седмциа пред кино гледачите во Велес. Група ограбувачи на банки, кои одлично се снаоѓаат на социјалните мрежи, јавно ги емитуваат своите смели грабежи, несвесни дека сè поголемата слава ги носи во видокругот на еден искусен агент на ФБИ и на еден брилијантен софтверски инженер. И покрај тоа што овој нетипичен двоец им е зад пети, криминалната група успева да ги помести сопствените граници, ставајќи сè на коцка во име на своите уверувања – и на својот дотогаш најамбициозен грабеж. 


Анимираниот „Мачорот со шапка“ второ место по  гледаноста во светот изминатиот викенд.  Современа анимирина интерпретација на класиката на д-р Сус  од 1957 година, која ни носи сосема нова епска авантура.  Кога во домот на две деца неочекувано ќе влезе ексцентричниот и шармантно непредвидливиот Мачор со шапка, нивниот мирен ден се претвора во весела авантура исполнета со чудесии, хаос и фантастични изненадувања. Со своите ѓаволштини и неисцрпната досетливост, тој го превртува светот наопаку, а среде шарениот метеж децата ја откриваат силата на креативноста, храброста и заедништвото.

АНКЕТА »

Дали цените за платеното зонско паркирање во Велес се:

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »