речник контакт

Мегданчани го чествуваат Чист понеделник (фото)

Од годинава има нов кувар за белиот грав, откако Бшката почина. Денес млади кумови и многу од гостите од помладата популација

Петар Печков

Чист понеделник традиционално годинава се одбележа на Мегдан. Гости намерници или случајни минувачи  се дружеа на  чистинката од ова познато велешко маало.  Домаќините, кумовите  Никола Крстев и Лучијано Чорев беа задолжени за организацијата, набавката на ручекот и масите да бидат полни со потребната храна. 

„Наша обврска беше да обезбедиме храна, пијалак, салати за сите гости. Обезбедивме 10 кг грав, има и риба“ – рече Чорев.

Масите беа полни со гости, годинава млади кумови многу од гостите од помладата популација.  

„Не каниме некој посебно, кој дојде е добредојден, најчесто мегданчани се гости. Има доволно храна за сите. Од пладне стигнуваат првите  гости“ кажа Крстев. 

Во 90-тите години од минатиот век ова одбележување  го обнови Ицо Картуш, во името на претходниците Ѓорѓи  Балкан, па дојде Тоцинот, Гајдата Тоде Раштанецот, 

 „Како дете памтам ова се правеше каде е сега дуќанот на Чоревци. Ќе донесеме од дома чинијата, ќе застанеме на ред како деца, ќе добиеме и јадевме. Остана споменот и предизвикот да се обнови, драго ми е што успеав. Да потсетам колку значење има овој ден за Мегданчани, доказ е што домаќини биле тукашни кои се отселиле во Финска, во Швајцарија, но дошле за денот и организираа и се дружеа“ – раскажа Ицо.

До година за кумови се пријавиле Саше Манасков и Тоше Манасков.   

Од годинава има нов кувар за белиот грав, откако почина Тоше Бшката, Тодор Иванов, кој со децении го подготвуваше ручекот. Тоа е Димитар Минов, мегданчанец.

„Традицијата останува, се подготвува бел грав, како што е редот. Годинава ми е прв пат, претходно на Тодор помагав и дојде редот да го спремам годинава,  подготвени се десетина килограми бел грав“ – рече Димитар.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »