Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 ноември 2012
Светскиот ден на диајбетисот 14 ноември, пред време беше одбележан во Велес. Од страна на локалното здружение ,,Доверба,, на плоштадот Сармаале беше изведена акција на мерење на нивото на шеќерот во крвта.
Случајните минувачи, посебно постарата популација веднаш ги засукаа ракавите и застанаа во ред да чекаат да ја искористат оваа услуга. Кај лицата што имаше измерено повисок шеќер, информации и препораки даваше д-р Елена Ќулумова.
Здружението Доверба бори околу два илјади членови од кои инјекции инсулин терапија користат околу 1,1 илјади велешани. Оваа акција ја помогнаа и членовите на мото клубот ,,Носачи на крстот,,.
Tweet |