Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2026
Мерка на претпазливост е изречена за тројцата скопјани, кои во понеделникот наутро ја нападнаа поранешната девојка на едниот од нив и нејзиното момче. Од ОЈО Велс соопштија дека трите лица .Б.(26 год) М.К.(30 год) и Д.Б.(43 год) сите од Скопје не смеат да го напуштаат градот на живеење и имаат обврска да се јавуваат на тамошниот суд. За нив во ОЈО Велес е отворена истрага. Мерката претпазливост ја изрекол судија на претходна постапка при Основен кривичен суд во Скопје.
Според велешката полиција трите лица физички го нападнале нејзиното момче девојката, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По ова си заминале за Скопје. Биле уапсени од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Инцидентот се случи во близина на Мегдан и предизвика силна вознемиреност кај осседите, кои слушале викање, тепање, барање помош. А кај еден од напаѓачите виделе и некаков вид оружје.
| Tweet |




