Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јануари 2015
Извештајот од Министерството за животна средина и просторно планирање, чии реултати покажуваат дека е надмината граничната вредност на суспендирани честички со големина до 10 микрометри во амбиенталниот воздух за мерното место Велес 2.
Тоа се случува во текот на последните пет денови од 3-ти до 7-ти јануари 2015 со следните измерени вредности на концентрации на суспендирани честички
03.01.2015–127.36µg/м3
04.01.2015–121.54µg/м3
05.01.2015–51.58µg/м3
06.01.2015–63.06µg/м3
07.01.2015 – 50.48 µg/м3
Поради ова градоначалникот ги препорачува следните мерки:
Возила да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, бидејќи со нивно горење се ослободуваат отровни гасови во воздухот. Почитувани граѓани, Велес беше општина во која секојдневно се дишеше воздух збогатен со тешки метали. Денес, воздухот не содржи олово, кадмиум и цинк над граничките вредности. Но, сеуште е важно во нашето секојдневно живеење и работа, особено во зимскиот период да се однесуваме одговорно и во согласност со законските прописи. Гасовите што излегуваат од нашиот оџак ги засегаат и нашите соседи, децата кои минуваат по улицата, постарите лица, бремените жени- пишува во писменото соопштение на градоначалникот Славчо Чадиев.
http://airquality.moepp.gov.mk/?page_id=2
Tweet |