речник контакт

Мерки за претпазливост за лицето за кое има истрага за измама и надрилекарство

Се испитува дали велешанецот М.А. лажно лекувал пациенти со т.н. кубанска вакцина против рак

Петар Печков

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот М.А., со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

ОЈО  Велес до  Основен суд  Велес  достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот, кои од страна на судија на претходна постапка биле прифатени.

Лицето е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, за што имало голем интерес од страна на оштетните, кои во голем број се јавуваат во ОЈО Велес, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »