Петар Печков
Објавено: петок, 03 јануари 2014
Од пред два месеци апаратурата за мерење на квалитетот на воздухот, која беше лоцирана во кругот на Општата Болница во Велес исчезна. Ја снема. Имаше дилеми каде таа заврши и каква е нејзината судбина. Одговорот на оваа дилема која беше присутна кај познавачите на екологијата во градот го даде директорот на Болницата.
Комплетната барака ја подигнаа сопствениците на велешката Топилница, Метрудхем. Дојдоа со валидни документи, покажаа дека е нивна своина и ја однесоа – изјави д-р Атанас Василев.
Тие не споменале каква ќе биде судбината на апаратурата и каде ќе заврши. Таа се додека работеше Топилницата до 2003-тата ги мереше вредности на тешките метали, ЅО2. СО2. Истата е доста скапа со оглед на мерните инструменти што ги имаше таму. Таква иста имаше уште една, близу до некогашниот хотел Вила Зора.
Tweet |