речник контакт

Меѓународен куп во спортски риболов Велес 2011

На купот зедоа учество 39 натпеварувачи од 13 екипи од Македонија и Србија, победник е екипата на „Јабланица“ од Лебане Србија

Петар Печков

На акумулацијата „Младост“ во близина на Велес,  во организација на ЗСР „Бабуна“ од Велес се одржа меѓународен куп во спортски риболов „БАБУНА 2011“  во дисциплината „лов риба со јадица на пливка“ или таканаречен „ЛАСКА КУП“. На купот зедоа учество 39 натпеварувачи од 13 екипи од Македонија и Србија

 
За првпат во Македонија Организаторот натпреварот го одржа во БОКС систем односно во секој бокс (стартно место) беа сместени тројца натпреварувачи од една иста екипа . Сите во боксот ловеа три часа, а рибите се мереа од сите натпреварувачи како еден улов. Бодувањето се изврши само во екипна конкуренција.
 
Постигнати се следните резултати: победник на купот е екипата на „Јабланица“ од Лебане  Србија, cреброто го освоија натпреварувачите на „Бабуна 1“ од Велес, а третото место го освоија и со бронзени медаљи се закитија натпреварувачите на  екипата „Барбус“ од Битола,
 
Беа доделени и награди за најмлад и највозрасен натпреварувач, и за најголема уловена риба на натпреварот

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »