речник контакт

Меѓународниот наменски воз „Конектинг Јуроп експрес“ утрово мина низ Велес (видео)

Возот патувањето го започна на 2 септември во Лисабон а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз. Целта е да се подигне свеста за патување со железница, оти само 7 отсто од патниците во Европа користат воз како превозно средство

Петар Печков

Утрово во 7 часот низ Железничка станица Велес мина меѓународниот воз „Конектинг Јуроп експрес“.  Тоа  е  воз  кој   наменски сообраќа низ Европа, специјално за ова пригода, проект на  Европската Унија по повод Европската железничка година 2021 година. Возот треба  да  мине низ 26 земји на стариот континент за нешто повеќе од еден месец.

Овој воз вклучува и вагон во кој е поставена изложба за најважните проекти и компаративни предности на железницата во Европа. Меѓу другото целата е подигање на свеста за патувањето со воз, бидејќи процентите кажуваат дека само 7 отсто од патиците во Европа користат железница како превозно средство.

Возот „Конектинг Јуроп експрес“ пристигна на Балканот преку Словенија, Хрватска, Србија, синоќа беше во Скопје а утрово го продолжи возењето кон Атина.  Потоа преку Карпатите на североисток од Европа, балтичките земји и Скандинавија, пак  на југ преку Германија, Чешка, Словенија и Бенелукс, за да го заврши патувањето во Париз.

Целта е да се демонстрира значењето и потенцијалот на железницата за поврзување на европските земји, како и компаративните предности на овој транспортен систем, особено кога станува збор за екологијата и заштитата на животната средина, како и важноста од изградбата и развојот на железничката инфраструктура.
Патувањето го започна на 2 септември во Лисабон, Португалија, а ќе го заврши, на 7 октомври во Париз, Франција. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »