Петар Печков
Објавено: петок, 27 ноември 2020
Вечерва ВМРО-ДПМНЕ организираше протест со автомобили, кои минаа низ градот, од Спомен Костурницата до споменикот на Панко Брашнар во Нова Населба. Откако минаа низ градските улици, пред споменикот на Брашнар зборуваше лидерот на општинскиот огранок Игор Здравковски.
Никој не мисли на народот, ниту на здравствен, ниту на економски напредок, ниту на националните интереси. Затоа треба да застанеме сите заедно, цврсто, да дадеме на знаење дека тие што се на власт, мислат само за себе и своите џебови. Зоран Заев не направи ништо да ги одбрани ниту државните ниту националните интереси. Имаме човек кој е непресметлив. Се удара во грудима нашима со Србите, со Грците калимера и калиспера а со Бугарите всичко е добре. Тој ќе си го најде крајот, има доволно направено, се што прави, прави за сопствениот џеб а нас ќе не остави на патот. Единствен спас е да се обединиме, ги повикувам членовите на СДСМ партија која се заснова на антифашистичкото движење и борба, да го смениме овој човек и дадеме нов импулс на Македонија. Со него немаме иднина. Освен е предавство, ништо не направи ниту во економијата, ниту во политиката - кажа Здравковски.
Пред присутните се обрати и пратеникот Антонио Милошовски.
Заев не успеа да донесе инвестиции, не успеа да го подобри здравството, не успеа да го заштити достоинството на државата, не успеа да направи подобар живот кој го ветуваше. Затоа направи многу предавства и успеа да ги обедини граѓаните против него. Оставка за Зaeв, слобода за Македонија. Оваа парола ја поддржуваат многу граѓани, без оглед на јазикот, верата, националноста. Секој ден се повеќе луѓе стануваат се посвесни, дека животот со Заев станува се потежок. Македонија може, кога Заев ќе падне од власт, земјата ќе исчекори напред. Да се обдениме против човек кој е неурамнотежен и да ја сочуваме Македонија како држава- порача Милошовски.
Tweet |