Петар Печков
Објавено: петок, 31 декември 2010
Во ликовниот салон во Велес беше отворена самостојна изложба на спортска карикатура на карикатуристот Миле Манчевски, на која беа претставени 38 карикатури од 18 спортови.
Ова е прва изложба на спортска карикатура отворена досега во Македонија. Во предговорот на неговиот каталог познатиот македонски коментатор Атанас Костовски пишува дека Манчевски го искажува својот раскошен талент, својот немирен творешки дух, својата врвна уметничка креативност.
Самостојната изложба на Миле Манчевски е во рамки на одбележувањето на неговото 25 годишно творештво во областа на карикатурата. Миле Манчевски објавувал карикатури во многу весници и списанија како „Вардарски глас“, „Време“, „Остен“, а учествувал и освојувал награди на многу меѓународни конкурси за карикатура.
Tweet |