речник контакт

Министерот Спасовски- МВР не е прво повикано во гаснењето на пожарите, но активно учествува во нивното локализирање

Дополни дека МВР секојдневно се бори со лица кои ја пустошат шумата, иако тоа не била нивна примарна задача, туку на шумската полиција

Петар Печков

Иако не е основна задача на македонската полиција,да ги локализира пожарите, таа активно учествува и  дава значаен придонес во гаснењето на огнот по шумите низ земјава. Ова го кажа министерот Оливер Спасовски, при денешната посета на СВР Велес, одговарајќи на поставеното прашање, што тие преземаат во борбата со пожарите.

Двата хеликоптери на МВР летово после 20 јули кога започнаа пожарите, секојдневно биле на терен, во различни делови на Македонија, гаснејќи го огнот.  

„Во првите девет месеци од годинава во државата имаше 2.800 пожари а во  900 од нив активно во нивно локализирање учествуваше МВР.  Ние не сме прв задолжен  за да гаснеме пожари, за тоа има територијални против пожарни единици. Мора да се знаат надлежностите, противпожарните бригади  на општините се прво повикани.  Во одредени случаи, полицијата им фатено инфлагранти лица како подметнуваат пожари.  Не санкционирањето на сторителите, дава можност други да го сторуваат истото  дело. Секоја од институциите мора да си ги земе надлежности во борбата со пожарите“ - кажа министерот Спасовски.

Дополни дека  МВР секојдневно се бори со лица кои ја пустошат шумата, иако тоа  не била  нивна  примарна задача, туку на  шумската полиција. Објасни дека се  договориле со нив, со шумските стопанства,активно  да се вклучат во борбата до дрвокрадците. 

фото ФБ/ ЦУК

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »