речник контакт

Младиот кромид остана по нивите, корона вирусот влијаеше на откупот

Цената е 100 денари за врзоп а претходните години се продавал и за 250 и 350 денари

Петар Печков

Младиот кромид од велешко остана по нивите. Годинава со најслаб пласман, како досега не помнат ниту најстарите жители на Башино село, кое е најголемиот одгледувач на оваа градинарска култура.  Иако во овој период од годината, кога ќе се посетеше Башино село, миризбата на младиот кромид, кој го обработуваа за на пазар вредните раце на  мешаните, силно се чувствуваше, годинава ја нема.  

За жал ниту нас не не` одмина кризата која ја предизвика корона вирусот. Нема откуп за Хрватска, кој вообичаено беше пред нивен католички Велигден. Доаѓаат некои откупувачи од Скопје ама и тие се малку, така што кромидот се бере за на пазар и се знае колку може да се продаде. Градот  има толку жители, поради короната нема многу  купувачи и затоа го оставивме по нивите. Толку труд и мака вложивме а многу малку добивме назад- вели жител на Башино село. Во селото до 200 куќи 140 се бават со одгледување на млад кромид. 

Слична е состојбата и со одгледувачите од селата Караслари, Дурутовец.   Цената по која се откупува сноп од 50 врзопа млад кромид е 100 денари, што е најмала откако тие помнат. Така во 2017-та се откупувал за 350 денари од сноп, лани 250. Затоа пак е забележливо зголемениот интерес за купување на младиот кромид.  

Досега не помнам дека младиот лук се барал повеќе од младиот кромид. Но годинава е така, тој повеќе се купува. Муштериите велат имал влијание врз корона вирусот- вели продавач од велешкиот пазар, иако Светската здравствена организација негира такво лековито својство. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »