речник контакт

Младите велешани станаа мустаклии

На 30-ти ноември во Паб се избира нај мустаќ на градот. Се подига јавната свест за болестите на мажите, рак на простата, на тестиси

Петар Печков

Педесетина млади велешани станаа,, мустаклии,,и  со тоа дел од светското движење   Мовембар, кое има за цел да ја подигне свеста кај машката популација од здравствените проблеми  кои ги имаат, рак на простата, на тестиси. По теркот на повеќето слични здруженија во светот  Мовембар ја шири здравствената едукација кај младите велешани.  Мовембар е кованица од два анлиски збора мустаќи и  месец ноември.

Годинава за прв пат спонтано се собравме да го обележиме Мовембар во Велес. Поради неговата хуманост и генијалната идеа со растење на мустаќи да се застапува вака сериозна светска кампања.  На секое прашање од пријател, познаник за новиот изглед со мустаќи, ја пренесуваме приказната за подигањето на самосвеста кај мажите за здравствените проблеми, карактеристични за нас, машките. Искрено не очекувавме олкав голем одѕив и прифатеност.  Секојдневно нашето движење, друштво се зголемува со по еден нов мустаќ во градот – вели Ѓорѓи Нанов од велешкиот Мовембар.

За популаризација на движењето на нивните автомобили се брендирани со залепеното логото. Во Паб каде најчесто се собираат имаат постаено и касичка за собирање доброволни пролози. Финалето на движењето е закажано за 30-ти ноември кога ќе се одржи забава на која пристап ќе имаат само мустаклии  кој со себе ќе можат да донесат една девојка. На забавата  во Паб ќе се одбира и најдобар мустаќ.

Movember  е годишен, едномесечната  светски настан на кој учествуваат  исклучиво мажи преку одгледување на мустаќи во текот на месец ноември. Цел е  да се подигне свеста за здравствени проблеми кај машката популација, како што се рак на простата, на тестиси и други машки  проблеми, како и  рано откривање на ракот,  негова дијагноза и ефикасни третмани  со што на крајот ќе се намали бројот на случаи и да  се  спречат  тие да завршат смртно.

Покрај одењето  на годишен преглед, Movember ги поттикнува мажите да бидат свесни за  било каква семејна историја на рак и да придонесе  за поздрав начин на живот .Movember  е една од првите 100 невладини организации  во светот минатата година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »