Петар Печков
Објавено: вторник, 22 јуни 2010
Младинците на ОК Борец се прваци на Македонија откако изминатиот викенд го освоија првото место на завршниот турнир кој се одржа во Велес. Тие во финалето со максимални 3:0 ја совладаа екипата на штипска Младост , по сетови25:7, 25:14, 25:15. Претходно во полуфиналето велешани го победија скопски Вардар со 2:0 (25:21, 25:20). Така пехарот во оваа конкуренција останува во Велес, бидејќи и минатата година тие беа шампиони на Македонија.
Tweet |