речник контакт

Младост слободно за скутери, екологистите бараат заштита за капачите

Езерото Младост иако има многу капачи, не е опфатно со забраната за возење на скутери. Поради ова реагираат од ЕД Вила Зора и бараат да се воведе ред на оваа водена површина

Петар Печков

Од 20 јули стапи во сила ограничувањето за пловните објекти на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека таа се однесува само за природнтеи езера, додека за вештачките акумулации, вклучувајќи го езерото Младост, тие не се надлежни.

Забраната се однесува на пловните објекти „скутери“ со јачина поголема од 45 kw кои можат да пренесуваат максимум 3 лица. Ограничувањето важи од 11 до 18 часот секој ден за целата водена површина на трите езера, а е со времетраење до 20 август.

Од ЕД Вила Зора, во името на бројните посетители,  бараат  полицијата да спроведе ред на езерото Младост, бидејќи таму има многу капачи, кои не се безбедни од овие машини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »