речник контакт

Млекарата на Лозар пропаѓа

Млекарата на некогашниот прехрамбен гигант АД Лозар од Велес остана единствено непродадена, по шест години од одењето во стечај на друштвото.

Петар Печков

Млекарата на некогашниот прехрамбен гигант АД Лозар од Велес остана единствено непродадена, по шест години од одењето во стечај на друштвото. Заплеткана во имотно-правно докажување на сопственоста, објектот се руинира и пропаѓа неговата вредност, која беше проценета на 55 илјади евра.

- Иако со делбениот биланс АД Млекара го доби објектот а катастарот го запиша, АД Макпетрол  поведе судска постапка дека е нивна сопственост. Второстепената Владина комисија, го потврди решението на РГУ, но Макпетрол правдата ја побара до Врховниот суд а по конституирањето на Управниот суд, предметот е предаден таму на решавање. И додека се чека ко?ечнота одлука за сопственоста,  неодамнешното невреме го откорана кровот, поради што мораше да се санира, иако во друштвото нема стечајна маса – вели Алексо Поп Икономов стечаен управник на АД Млекара во стечај.

До пред две години во АД Млекара во стечај беа ангажирани педесетина времено вработени кои на пазарот во Велес нудеа млечни производи, но откако дел од нејзината  опрема, фиржидери и апарати, согласно со делбениот биланс  на АД Лозар, беа предадени на Услужен центар,  тој истите ги продаде и објектот сега е празен. Останатите друштва кои потекнуваа од АД Лозар а се приватизираа, Винарската визба, Ладилникот, Свињарската фарма, Мотелот, успешно работат, додека млекарата чека судска разврска за нејзина продажба.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »