Петар Печков
Објавено: понеделник, 26 мај 2014
Овој викенд во Скопје, на патеката во Волково се одржа првата трка на скутери и супермото. Велешките натпреварувачи забележаа одлични резултати и како поединци и како клуб.
Во класата супермото победи Драган Ванов и тоа во интересен фото финиш. Во оваа класа Јове Иванов беше трет.
Во класата скутери до 80 кубици Оливер Мачка Гиовски го освои првото место а Александар Ацевски третото место. Марин Сугарев кој половина од патката водел, поради проблеми со моторот завршил како четврти, додека Александар Цилаков е петти.
Во класата до 50 кубици Виктор Караколев го освои третото место.
Лука Масталуров во класата минимото го освои второто место.
Со ова членовите на МК Мото Велес постигнаа одлични резултати на првата ваква трка организирана во Македонија.
Иако трката се возеше во Волково, многумина љубители на моторите од Велес цел ден, се преселија во Скопје да следат возбудливи и интересни трки.
Организатор на трката беше МК Сакамото а втората за скутери и супермото е за еден месец.
Tweet |