речник контакт

Многу незаконитости во работењето во Киро Ќучук, вработените без плата една година

Стотина вработени, некогашни и сегашни, акционери, технолошки вишок од велешки АД Киро Ќучук протестираа пред влезот во друштвото.

Петар Печков

Стотина вработени, некогашни и сегашни, акционери, технолошки вишок од велешки АД Киро Ќучук протестираа пред влезот  во друштвото. Тие безуспешно подолго време се обидуваат да најдат одговор за нивните маки, но наоѓаат на затворени врати. Проблемите на кои се жалат се бројни а надлежните не им помагаат во расчистување на состојбите, поради што.

- Седумдесетина вработени од почетокот на годинава директорот на Киро Ќучук ги испрати дома како технолошки вишок, за да по малку време на нивно место прими нови лица. Плата немаме земено 11 месеци, две години немаме платени придонеси кон ПИОМ и Фондот за здравство. Состојбата е катстрофална во фирмата  а државата немо ги гледа работите и покрај тоа што сигнализиравме секаде – вели Панче Јаневски. Тој на неодамнешната трибина на Фондот за здравство се пожалил кај надлежните дека две години немаат земено сини картони, а добил одговор да си даде отказ од работа наместо тие да реагираат до раководството на друштвото. Со проблемите во Киро Ќучук бил запознат и премиерот при неговата неодамнешна трибина во Велес.

- Од седум некогашни погони сега работат само два, другото се продаде. Каде се парите од нив. Овде има тежoк криминал. Кога во 2007-та на 30 декември штрајкувавме директорот Киро Камчев дојде со торба кеш пари и на рака ни даваше плата, така беше три месеци. Потоа како казна сите што излеговме тогаш, добивме принуден одмор или откази како технолошки вишок – вели    дипломиран инжињер Миле Кастелиќ кој 13 месеци е на принуден одмор, заедно со неговата сопруга. На негово место обајснува дека се примени синовите на претседателот на гранковиот синдикат Павле Трендафилов, од кога барале помош деновие околу органзиацијата на шптрајкот а тој не се јавувал. Исто било и со синдикатот во Киро Ќучук, кој наместо интересите на работниците  ги штител тие на раководството.  Меѓу штрајкувачите имаше и акционери, кои се жалат дека акциите им се украдени.

- Оваа парола ја поставив во далечната 1999-та кога сегашниот директор Киро Камчев влегуваше како директор, верувавме во него. Но не измами. Ни ги зема акциите на управување а ние немаме никаков документ дека сме ги дале. Сега сум и без акции, и без плата и без пари, со години се влечеме по судови а правда нема – вели Амди Махмудовски. Штрајкувачите потсетуваат дека против директорот Камвчев се водат две истраги  за неговите криминални дејствија, за присвојување на четири милиони денари и за добивање два стана во Охрид, кој ги платил со градежни материјали од Киро Ќучук.

\"\"

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »