Петар Печков
Објавено: четврток, 19 април 2012
Вредни и креативни ученици од Гимназијата Кочо Рацин, организираа забава на која имаше и модна ревија. На неа учествуваа 14 тима, и секој го сочинуваа по пет члена.
При креирањето на модните дизајни потребно беше учениците да осмислат приказна која ќе ја движи и развива креацијата. Тимовите ги изработија нивните несекојдневни модни креации со желба да учествуваат на државниот натпревар , бидејќи право на учество има само еден тим, победникот.
Младите креативни тимови вредно работеа со желба токму нивната креација да биде избор на жирито. Жирито одлучи прва награда да додели на тимот во состав на: Јулија Саздова, Мерџана Стојкова, Ивана Тончова, Тања Димова сите од III-3клас.
Tweet |