речник контакт

Модна ревија изработки од отпад, на учениците од Димитрија Чуповски (фото)

Отпадот кој учениците го собираа со месеци, го искористија за создавање модни креации

Петар Печков

Учениците од „Димитрие Чуповски“  покажаа дека  отпадот може да биде корисен и употребен. Откако изминатиот период го собираа, истиот го искористија  како  почеток на нови креативни приказни. Отпадниот материјал го претворија во уметност и мода со порака.

„Овие модели покажаа дека стилот не мора да ја загадува Планетата, туку да биде чекор кон почиста и поодржлива иднина“ – порачаа учениците.

Победници на овогодинешната Зелена мода се:

1 место – моделот Victoria’s secret angel дело на  Лора Јовановска, Мартина Коцевска, Анастасија Гиловска и Марија Јорданова, под менторство на  Билјана Г. Николова.

2 место – моделот Midnight Shimmer изработен од Андреа Трајкоска, Петар Ристов и Михаил Петрески, под менторство на Менка Николова

3 место – моделот Замрзната кралица на Марија Нацева, Сара Николова, Софија Ѓорѓиевска, Радмила Пешовска, Јована Темелкова, ментор беше  Емилија Дикова

На модната ревија учетвуаа и  моделот - The Poker Queen на Хаја Рахмани, Викторија Драскачева, Росана Маневска, ментор Менка Николова;  Модел – Ѕвончица на Симона Атанасовска, Меланија Страхилова и Ангела Андреевска, ментор Драгана Јованова; модел – Мајка природа дело на  Лили Митева, Ели Андреевска и Леонтина Станкова, ментор Драгана Јованова и модел – Reshine создадено од Аида Кадриова, Емануела Адемова, Далија Бајровиќ, ментор: Сандра Стојчиќ.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »