речник контакт

Моите решенија овие три години се обединувачки за велешани, така и ќе продолжам, кажа градоначалникот Колев, на свченоста за 9 ноември

Врачени општинските признанија спомен плакета, пофалница и благодарница, како и признанието „Ѓорѓи Шоптрајанов“ за најдобар студент

Петар Печков

Со свечена академија, општина Велес ја одбележа 80 годишнината од ослобдуваwето нa грaдот. Градоначалникто Марко Колев упати честитка до граѓаните, направи рекапитулација за изминатите три години негова работа.

„Ова е мое четврто обраќање за 9 ноември, како градоначалник на општина Велес, Иако има уште 11 месеци од мојот мандат, чувствувам потреба да го споделам моето лично видување, за изминатите три години. Изградбата на спортско рекреативните комплекси, како што се тие во Дворови, Гимназијата, Васил Главинов, Тунелот, Превалец и бројни спортски настани придонесоа  децата да бидат повторно деца. Тоа ми беше главната цел. Културата исполнета со два театарски фестиали, Велешко лето, Рацинови средби, Фестивал на џез, ворлд и современа музика, Питијада, Фолклорен фестивал  и многу други настани го вратија сјајот на Велес и ги зближија велешани. Пред некоај недела по Питијадата порачав, мојата желба е исполнета, моите велешани среќни и исполнети. Работиме и на инфраструктура, улици, подземна инфраструктура. Работам моите решенија овие три години да бидат обединувачки за велешани, така и ќе продолжам“- кажа градоначлникот ѐмарко Колев во поздравниот говор за 9 ноември.

На Свечената  академија за Денот на Општината 9-ти  Ноември, беа врачени и признанијата, за лица, поединци и институции, граѓански здруженија кои изминатата година,  придонеле за развој на градот.

Добитници на спомен плакета на Општина Велес се Извиднички одред  „Димитар Влахов“- Велес и  директорот на Државен завод за ревизија, велешанецот  Максим Ацевски.  

За најдобар студент и наградата „Ѓорѓи Шоптрајанов“  признание доби Тамара Коцевска, студентка на Медицински факлутет Скопје, при УКИМ која до трета година имала просек од 9,62 за 34 положени задолжителни  испити и три изборни предмети

Благодарница 9-ти Ноември добија  23-цата  учесници на  24 „Вардарска регата Гемиџии 2024“, која годинава  пловеа од Велес до Солун, како и Десанка Николова, докторката Теодора Тодорова, четиричлената планинарска експедиција во состав Зоран Јаневски, Никола Ангелов, Марјан Малинов и Николче Василев, учесниците  на ултрамаратон „Велес- Лопушник“ -Верољуб Додевски, Зоран Димов, Трајче Михов, Томислав Спасевски, и Љубиша Андриевиќ, Здружение на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес и на Здружение на граѓани ,,ОК Борец ветерани” Велес.

Добитници на пофалници се Јадранка Мајсторова, Елица Николова, Горан Алексов, неформална група „Клисура Пешти“ - Слободан Ѓорѓиев, Борче Јовчевски и Сашко Ѓорѓиев како и Здружение за безбедност на вода и планина „Македонски спасител“.  

Настанот се одржа во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »