Петар Печков
Објавено: сабота, 30 јули 2016
СВР Велес поднесе кривична пријава против лицето Е.З. (19) од село Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ .
Пријавениот на 27.07.2016 год. околу 19.00 часот во Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад. После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал , а детето заминало дома.
Од срам не кажало никому. Наредниот ден (28.07.2016) неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило. Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесено на преглед во Судска медицина – Скопје .
Пријавеното лице е приведено на ден 29.07.2016 год. во 06.30 часот а подоцна во текот на денот по барање на Јавен обвинител, судија од Основен суд Велес му изрекол мерка притвор од триесет дена.
Tweet |