Петар Печков
Објавено: вторник, 28 декември 2010
Стотина жители од трите велешки села С`лп, Сопот и Белештевица се отсечени откако висечкиот мост се оштети од надојдениот Вардар.
Тој ги спојуваше со железничката станица Рајко Жинзифов и автопатот кон Велес, но пред три седмици од стебло од дрво кое го носела реката, удрила во него и серозно е оштетен во средината. На тоа место е видлива голема дупка, која селаните заради импровизирано одење преку мостот, ја пополниле со две стебла.
Сега да се оди преку него е опасно по живот и треба многу храброст за да се мине Вардар. Селаните бараат помош од локалната власт или државата, да го оспособат мостот за да можат да минат безбедно преку реката.
Тој е изграден во 50-тите години на минатиот век. Мештаните велат дека досега сами се снаоѓале кога требало да се санира. Но, последните оштетувања се големи, а помош немаат од никаде.
Tweet |