Петар Печков
Објавено: петок, 20 април 2012
Стотина жители од трите велешки села С`лп, Сопот и Белештевица по година и половина се поврзаа меѓусебно. Деновиве заврши поправката на висечкиот мост над реката Вардар, во близина на железничката станица Рајко Жинзифов. Тие беа отсечени откако дрвениот мост се оштети од надојдениот Вардар во декември 2010-тата.
Локалната власт на општина Велес обезбедила материјал, додека мештаните од трите села со сопствена работна рака го поправија мостот. Тој ги спојува жителите од овие три села со железничката станица Рајко Жинзифов и автопатот кон Велес и тој претствува излез кон светот. Мостот е изграден во 50-тите години на минатиот век.
Tweet |