речник контакт

Мотел „Македонија“ продаден на „Мак Оил“

Скопската фирма „Мак Оил“ на Мите Јовановски е новиот сопственик на мотелскиот комплекс „Македонија“...

Петар Печков

Скопската фирма „Мак Оил“ на Мите Јовановски е новиот сопственик на мотелскиот комплекс „Македонија“ лоциран во близината на Велес, покрај автопатот Скопје - Гевгелија.

За вредност од 65,5 милиони денари единствениот учесник на јавното усно надавање го доби комплексот. Почетната цена беше 98 милиони денари, но во согласност со доверителот АД Стопанска Банка Скопје, Мотел „Македонија“ е продаден за две третини од бараната цена или нешто повеќе од еден милион евра. Тоа е повеќе отколку што претходно заедно се инкасираше од продажбата на некогашните индустриски гиганти „Порцеланка“ за 800 и „Нокатекс“ за 200 илјади евра.

„Македонија“ не работеше три години откако ХУРО „Интернационал“  отиде во стечај а АД Стопанска Банка за реализиран а невратен кредит стана негов сопственик.

Комплексот претходно се продаваше два пати но неуспешно. Тој располага со ресторан, казино, дискотека, куглана, кафеана, сместувачки капацитет од 30 соби со 100 легла и површина од 2700 м2, двор и тераси од 1200 м2 како и простор за кампинг покрај реката Вардар. Има сопствена комплетна инфраструктура.  

Поранешите вработени пресметале дека за овој период што комплексот не рабтоеше изгубени се најмалку милион евра поради бројните странски туристи кои тука минуваат а нема каде да се одморат.

„Мак Оил“ е сопственик на хотелот „Интернационал“, во центарот на Велес, кој го купи пред две години  но тој сеуште не проработил. Јовановски ќе стане сопственик на „Македонија“ доколку во рок од две седмици ја уплати цената која ја понуди на лицитацијата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »