Петар Печков
Објавено: недела, 12 мај 2024
Моторист oд Скопјe, вчера, сабота доцна околу полноќ, паднал и се здобил со скршеница. Згрижен е во болница и утрово пуштен на домашно лекување
„На 12 мај во 00.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на регионалниот пат Р-1102 езеро Младост – Велес, пред крстосницата за село Отовица, велешко, Ѓ.С.(35 год) од Скопје, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Велес.
„На ден 12.05. Во 00,30 минути е примен во ургентната единица на ЈЗУ Општа болница Велес пациент со повреди здобиени во сообраќајна незгода со мотор. По укажаната помош од страна на ургентната екипа и хирург,пациентот е упатен на оддел за радиодијагностика,каде е направена компјутерска томографија на глава врат,граден кош,абдомен карлица и надколеница,како и на рентгенграфија на десна подколеница,скочен зглоб и стопало. Констатирана е фрактура на потколеница. Пациентот е третиран соодветно на повредата, задржан на опсервација од страна на хирург на хируршкиот оддел и денес во 9 часот предпладне е пуштен на домашно лекување“ – информира Мартина Андова, портпарол на СВР Велес.
Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, која треба да ги утврди причините за инцидентот.
Tweet |