речник контакт

Мотоциклист излета од автопат, тешко повреден

Сообраќајка се случила близу наплатна рампа Сопот

Петар Печков

Скопјанецот И.И. ( 24 год) во саботата попладне излетал од автопат со неговиот мотор, при што се здобил со тешки повреди. Инцидентот се случил во 16,12 ч. на еден километар пред наплатна рампа Сопот, на автопат Скопје –Велес.  

Лицето И.И. управувајќи мотор ,,ходна цв 600,, излетало од коловозот при што се здобило со тешки повреди. Имал скршници на раце и нозе по што бил префрлен во болницата ,,8-ми септември,, во Скопје  – изјавија од СВР Велес.

Нивна увидна екипа излегла на местото на настанот и истрагата ќе треба да кажа како дошло до сообраќајката.

Поради неа делницата на автопатот од Катланово до Велес саботата попладне 90 минути била затворена за сообраќај.  

Мотоциклистот кој е тешко повреден, бил вработен во СВР Скопје како полицаец. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »