речник контакт

Мото дефиле низ улиците на Велес

По четврти пат во Велес ,,мото бич,, забава

Петар Печков

Повеќе стотина мотористи од Македонија и земјите од соседството, го кренаа Велес на нозе. Дефилираа низ улиците на градот, како вовед во забавата која се случува на велешко езеро Младост. Мотоциклистите, кои беа на расни машини и скапа ,,ергела,, со нивните силни  мотори а некој и со скутери, минаа низ централното градско подрачје, положија цвеќе на споменикот на Илинденците и се вратија на езеро.

Таму пак вечерва има ,,Мото бич забава,,  со Леб и Сол, Драган Б. Костиќ и со триото  Давид Нешкоски.   Ова е четврто издание на  забавата на мотори а мотото и на годинешнава  е ,,Носи кацига, биди безбеден,,.  И годинава мото бич забавата има хуманитарен карактер. Сите мотористи учесници  донираа средства, кои потоа ќе бидат доделени на поединец, семејство на кому му се потребни.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »