Петар Печков
Објавено: недела, 05 мај 2013
Чалгии имаше ли многу?
Имаше неколку чалгии тука, велешани... Имаше... тие шо беа, првите чалгии шо беа од Велес... тоа се од Велес значи, кога дојде Тито... значи четириесет и пета - и четврта година – и петта... и сефте коа да се фане... да се образова чалгија... Велешката чалгија најнапред отиде Скопје... и кога јавуеја тогашното време да ви кажам, четириес пета и шеста година, коа се отвори тоа Радиото да свири... коа се пушти... вика: „Ќе свири Велешката чалгија...“, тогај така спомнуваа... тоа да го знаете... Таа е позната, Велешката чалгија отидоа во Скопје да свири... Имаше Емин еден... од тие... Емин... после имаше Ѓељо Џагата, Пенчо Калин, Ал’о Тончов... тие сите старите, најстарите чалгаџии отидоа да свират таму... отидоа... Ал’о Тончов му викна да остане за тоа... преку радиото оти убоо свиреше... Не можам вика, ја! ... оти он одеше по свадби... После па, фана... он беше таму у Кавадарци познат, одеше се у Кавадарци, ногу пари зимаше отаден... таму имаше нагова чалгија – кавадарчани и со него одеа – коа праеја свадби у Кавадарци он ока-пари земаше... Ете тоа е, инаку... тие ете, шо беа чалгаџии друзите...
А на шо инструменти..., какви инструменти имаа?
Имаше, види, дајриња... дајрето, лаутата – тие ... ќемане – со ќеманиња свиреа поише..., кларинет...
Канон имаа ли?
Канон немаше тогај... немаше канон тогај... и имаше лаута, тамбура – тамбурине оние шо се коо тур... турските дебелите – тамбура... е, таа е... кларинет...
Виолина?
Е па ќемане е тоа. Ќемането, ќемане го викаа...
На тоа ли свиреше Ал’о Тончов?
На ќемане, на ќемане, ние тогај... на виолина... после се... отпосле е дојден тој збор кај нас... ќемане..., ние со ќемане... Имаше еден Петре Читкуш пак, Петре Читкуш па тој, па да ти кажам за него... коо сефте па, и он... „Ќерамичар“ коа образоваа... овие порцолановиве сефте чалгија образоваа... на игралиште ќе биде... е-еј кај фудбалот шо се игра... И таму се напраи една бина, ќе одиме сите – ќе свират чалгии од Велес..., вој ... Танго шо беше... Танго – Иван.... Иван Танго - Капелник. Он беше... нели свиреше он и на труба... он беше главен...он беше за тоа мајстор... И ги собра он, ги организираше така... и се собраа чалгаџии од Велес, арно ама Петре... од деда Адама ќемането... негово... и он – стар, и он – стар. Арно-ама, сега види шо е... се собраа деца од нашето маало сите... на игралиште сите одеа... ние бееме големи... И он сеа сирома... кај-него, него го познава Читкушот Петрета... и он вика: „Дотерајте си ги инструментите!“... Танго вика: „Ајде дотерај ги на страна!“- секој да ги наштима тоа жиците, па да му биде... готово, оти коа ќе почне... народов се собира веќе навечер, се собраа... Арно-ама, едни окус-кокус деца, да ги не-речам... е, сеа, може и ние да сем биле такви, не-бееме поарни... и сеа децава му викаат: „Петре...!“ Он го штима таму и гледа накај публикава, а вие го познават, децата тука, комшиски, негови... му вика: „Петре да ти ... кемането – полно со тавтабити натре!“ И он им вика вака: „Трајте да не ве чуе Иван Капелников!“... оти старо беше ногу ќеманево... и сеа они пцујат... така го пцујат тоа... Абе он... „Трајте!“... со прстот им вика... да не чуе Капелников, да не рече: „Шо ти, зошто вака ти викаат?“... и сега да не се пострамоти... И па-а... они па му викаат. Он само вака со прст на уста вака и вика... „Абе, немојте бе, не викајте!“... И така... свиреа... исвиреа вечерта убоо и он беше смешен со тоа... имаше илјадо работи смешни таквија, некои смеи такви тогај... старите...
А по свадби, како, со чалгии се свиреше?
А-а, чалгија, немаше друго, а, не друго...
Дома се правеа свадби кај...?
Свадби се правеа кој како има пари... ќе си пазари свадба – чалгиите... имаше три четири рала чалгии тука низ Велес... не беше едни... имаше... поише чалгии имаше... Имаше тие... имаше еден пајтонџија, и тој беше свирач... Гогата Пајтонџијата... он... друзи не-можам да ти кажам сеа... некои шо сум заборавил така... не –можам поише тија свиреа – ногу свиреа...
(Димче Христовски, 1924)
Порано по имиња се одело?
И сеа одат, и сега одат ама... кај имаше име – портата е отворена и кога ќе тргнеме една сурија од дваесе души кај ќе видиме отворена порта – влегуеме... Е сега, лесно се чекаше тогај, затоа шо народот бил посиромашен. И у една соба столовите наоколу наредени, среде една маса, ама не седи никој на маса, ќе се помине по едно чавче – две и, тргај, толку... Е сеа таа сета група шо ќе одиме, еден ама познат не знам каде, ај кај тој ќ’одиме, па после другиот има... Ја познаам еден спротива!...
(Стефан Ќулумов, 1935)
А на имиња како се одело?
Порано на имиња не се одеше како сега шо се оди на имиња – ќе се нареди асталот, ќе доат два-триес души и не стануе никој. Порано идеа по сто, по двеста души на едно име идеа. Едни идат, други си одат... Ќе дојдат... ние кај што имавме еден голем салон... со целото околу... може беше шес на седум метра, беше коо цел стан беше... И околу салонот ќе се наредат се столови, у средина една маса со албуми, слики и ќе си гледаат слики, албуми... Обично служеа тогаш девојчиња, како да кажам, помлади, ќе помине прво со слатко, па со чаша ракија со мезе, па уш-еднаш, па уш-еднаш и најпосле коа ќе.., луѓето беа малку поосетливи, ќе види некој нов иде, а нема место, тие шо дошле порано, тргнуат да си одат. Е, на одење им подаваа благо. Така се чекаа имињата. И обично, помладите идеа покасно, тие шо беа другари на то име шо... на пример мојте другари идеа најпосле за да можат да останат после, да не дојде ред да станат да си одат. И после долго време, мислам, долго во ноќта го славевме... па се пееше, гитари...
(Анѓел Анѓушев, 1941)
Од книгата „Така се зборува во Велес“, на Снежана Петрова-Џамбазова,
Tweet |