речник контакт

Му ги украл платежните картички а потоа ги празнел од автомат

Ј.Т сторил две кривични дела а кога ги земал парите од автомат бил маскиран со шал и капа

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ј.Т. (29) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба”  и  „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.  

Ј.Т. на 11.10.2017 година во Велес, откако влегол во куќата на Н.Б., од плакар одзел два паричника во кои  имало 12.500 денари, лична карта, картичка од банка со пин број  и картичка за подигање на пари од шалтер. Потоа, прикривајќи го ликот со шал и капа, од банкомати, во два наврати подигнал вкупно 29.900 денари. На 18.12.2017 година, при претрес во домот на пријавениот, била пронајдена дел од облеката што ја носел на себе при подигнување на парите од банкоматот - стои во писмената  информација на МВР.   

Во службен разговор во СВР Велес, полицијата тврди  дека  Ј.Т. ги признал делата.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »