речник контакт

Му украле половни мобилни, за кои не се знае од каде му се

Велешанецот Р.М. ( 52 год) за украдени десет мобилни телефони заработи кривична пријава. Големо прашање е од каде потекнуваат овие половни мобилни телефони и дали овој црн пазар ја покрива кражбата на мобилните телефони, за кои полицијата во најголем број случаи се прогласува ненадлежна

Петар Печков


 Кражбата  ја сторилна четврти минатиот месец од тезгата  на својот пријател на Градскиот пазар  во Велес. Додека заедно продавале разни  производи во еден момент на неговиот пријател Д.М. , кој продавал половни мобилни телефони, му се слошило, бидејќи  страдал од шеќерна болест.

И додека соседите од тезгите му притекнале на помош и на Д.М.  му дале вода за да се освежи, а некои побарале и лекарска помош, неговиот прв сосед Р.М. ја искористил приликата и ја извршил кражбата. Незабележан од никого тој украл десет мобилни телефони од марката алкател, самсунг,сони ериксон, нокија, моторола и други. По укажаната  помош здравствената состојба на Д.М. му се подобрила здравствената состојба веднаш забележал дека му недостасуваат од тезгата мобилни телефони.

Веднаш реагирал и го побарал својот пријател Р.М. но тој никаде го немало.Случајот го пријавил во СВР Велес. Полицијата стапила во акција и по кратко време го привела Р.М. По разговорот  Р.М.  признал дека тој ги украл мобилните телефони и дека на својот пријател му направил штета од 12.000 денари.

Крадецот на мобилните телефони Р.М. на велешката полиција и е познат од одамна и дека против него се водело и прекршочна постапка од областа на јавниот ред и мир  за што му била изречена и соодветна казна.

Од друга страна не е познато како половни телефони, без никаква декларација се наоѓаат на пазарот и зошто пазарната инспекција не го санкционира овој црн бизнис, кој ги покрива кражбите на мобилни телефони.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »