речник контакт

Набавена е машина за бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација

Машината е во вредност од 2,6 милиони денари

Петар Печков

Општина Велес набави машина за бележење на хоризонтална сообраќајна сигнализација, на патишта во велешко. Вредноста на машината е 2,6 милиони денари.

„Безбедноста на сите учесници во сообраќајот е на прво место, поради што Општина Велес набави машина за одбележување на хоризонталната патна сигнализација. Редовното одбележување на улиците е неопходно, затоа оваа машина ќе биде предадена на користење на ЈКП Дервен, од каде што во координација со стручните служби од Општината навремено ќе се вршат активностите за бележење“ - соопштија од локалната власт. На последната седница на Советот на Општина Велес, при крајот на 2023 година, донесена е одлука машината да биде предадена на користење и употреба  на ЈКП Дервен.

Со набавката на ваква машина, локална власт со став дека ќе можат побрзо и поекспедитивно да излезат на терен, доколку има потреба од итно и неодложно обележување на патната хоризонтална сигнализација. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »