речник контакт

Набавено ново противпожарно еколошко средство за локализирање оган

Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7

Петар Печков

Набавено е ново противпожарно средство за локализирање на оган, за потребите на Територијалната противпожарна единица Велес.  Новото ефикасно средство е презентирано пред велешките пожарникари.

„Се работи за еколошко и побезбедно средство Flamblocker CF7. Оваа иновативна технологија овозоможува побрзо ладење и контролирање на пожарите, значителна помала потрошувачка на вода и намален ризик од повторно палење. Средството има широка примена при пожари на објекти, возила и во природа, вклучително и при пожари на електрични возила и литиум-јонски батерии“ – соопштија од Општина Велес, која го набави средството.

Локалната власт најавува дека продолжува со модернизација на противпожарната заштита за побезбедно гасење на пожарите и поголема безбедност и сигурност како на пожарникарите така и на граѓаните.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »