Петар Печков
Објавено: четврток, 29 ноември 2012
Крсто Тодоровски е годинешен добитник на наградата Андреја Дамјанов за живоно дело во архитектурата во Македонија. Голем е неговиот придонес од областа на просторното и урбанистичкото проектирање во Македонија. Меѓу позначајните активности се проектирањето на Хидрометеоролошкиот завод во Скопје, хотелот "Макпетрол" во Маврово, реконструкција на Ристиќева палата, ревитализација на манастирите "Св. Јоаким Осоговски" и "Св. Јован Бигорски" и Пензионерскиот дом и зградата до него во Велес и многу други.
Еве што вели за оваа награда авторот
Работев две и пол години со два саати спиење", вели Крсто Тодоровски, годинешниот добитник на наградата "Андреја Дамјанов", која ја доделува ААМ.
Воопшто не ја очекував наградава. Пресреќен сум и чест ми е, избран сум од мои колеги. Јас како архитект бев популарен уште во Југославија, не само во Македонија. Имам многу прокети зад себе. Сум работел на урбанистички планови и сум прокетирал во многу градови низ Македонија, како Кичево, Гостивар, Дебар, Скопје, Берово и други. Во Маврово го имам прокетирано хотелот "Макпетрол", во Дебар бањите и хотелот во Бањиште, потоа Градските порти во Гостивар и Неготино, Стопанска банка во Маврови Анови, пензионерските домови во Кичево, Берово, Крива Паланка и Велес, повеќе бензиски пумпи и многу други објекти. Во Скопје не се наоѓаат маркантните градби кои сум ги проектирал, освен зградата на Хидрометеоролошкиот завод.
Многу бев ангажиран и надвор од земјава, во Црна Гора, Словенија, Кина, Мароко и на други места. Вака, заокружено, можам да кажам дека имам проектирано повеќе од илјада станбени згради, околу двеста административни, па и верски објекти. Бев многу баран бидејќи бев повеќестран, работите ги работев буквално од нула, од нива до клуч на рака.
Оваа награда за животно дело во архитектурата во Македонија, се доделуваше во Велес на ден спорти Петровден во црквата Св. пантелјмон. Но откако пред шест години беше организацијата напуштена, никако да се врати.
Tweet |